Конститутивна седница на Советот на Општина Велес

Новиот состав на Советот на Општина Велес денеска ја одржа конститутивната седница. Со 12 гласови „ЗА“ нов претседател е избран Душко Петров, магистер по правни науки од редовите на советничкото мнозинство предводено од коалицијата на СДСМ. Во првата изјава Претседателот на Советот рече дека очекува во наредните четири години Советот на Општина Велес да придонесе градот да стане подобро место за живеење.

На конститутивната седница денеска се верификуваа мандатите на членовите на Советот на Општина Велес. Советниците положија и потпишаа свечена изјава, а се избра претседател и членови на комисијата за мандатни прашања, избори и именување.