Изложба, промоција и претстава по повод 9-ти ноември

Во ликовниот салон во Велес, вечерва отворена е изложба на дела од локовната колонија „Папрадишки мајстори“ која традиционално љубителите на уметноста можат да ја видат како дел од одбележувањето на 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес.

На овогодинешната 13-та колонија учество задоа 23-ца уметници од девет земји. Тие во Велес оставија вредни уметнички дела.

Во своето обраќање пред присутните, Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски порача дека наредното 14 –то издание на колонијата ќе се организира во рустикалниот предел на селото Папарадиште, во реновираниот планинарски дом каде уметниците во минатото имаа и повторно ќе имаат вистинска инспирација. Истовремено ќе се врати формата на сликарско – копаничарска колонија. Покрај ликовната уметност ќе биде застапено копаничарството како специфична уметност за Велес и регионот.

Уметничките дела кои се созданени во изминатите 13 изданија на колонијата наместо да бидат складирани во депоа, ќе се стават во функција на хуманоста. Општина Велес во соработка со „Ротари“ клубот ќе организира хуматарни аукции на делата од сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“.

На тој начин уметничките дела ќе го красат просторот на вистинските љубители на уметноста, а собраните средства ќе се наменат за граѓаните кои имаат потреба од помош.

Претходно во ликовниот салон се одржа промоција на збирката поезија „Трето око“ од поетесата Павлина Климкар Меанџиева.

Во чест на добитниците на наградата за животно дело и 9-то ноемвриските награди и признанија во велешкиот театар Џинот се одигра претставата „Тирамису“.