Јавна расправа по нацрт-документите за работа на општината

Голем интерес кај граѓаните на Велес за присувство на јавната расправа по нацрт-документите за работа на општината во 2018 година која вечерва се одржа во големата сала. Претставници на граѓанските организации, невладиниот сектор, Урбаните и Месните заедници, спортските клубови и останатите присутни од прва рака ги слушнаа проекциите за работата по сите 14 нацрт-програми во наредната година. Истовремено тие ги дадоа нивните предлози, идеи и сугестии за подобро функционирање на општината преку реализација на проекти од општо добро.

Според Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски во 2018 година општината ќе стави акцент на подобрување на квалитетот на животот во приградските населени места, во руралните средини и во високите делови од Велес. Тој пред присутните искана дека поради терминот на одржување на локалните избори немал доволно време за темелно да се посвети на подготовката на програмите за работа и затоа секоја идеја се смета за добредојдена. Како многу значаен дел од функционирањето на Општина Велес во наредната година е предвиденa изработката на студии, проекти и технички документации со кои ќе се аплицира за користење на средства од домашни и странски фондови, враќањето на големите долгови и издвојување на средства во одреден процент кои се потребни за учество во проекти. Транспарентното и отчетно презентирање на трошењето на буџетските пари е значаен дел од развојот на локалната демократија. Во овој правец се и овие јавни расправи кои Општина Велес ги органзиира секоја година и од кои произлегуваат многу корисни иницијативи и предлози.