Градоначалникот Аце Коцевски престојува во работна посета на Бошњачката заедница во Виена, Австрија
На покана на здружението "Интеркултурна иницијатива" предводено од Исмет Мехмедовиќ и здружението „Глас Оризара“ предводено од Енвер Карталовиќ, Градоначалникот Аце Коцевски престојува во работна посета на Бошњачката заедница во Виена,Австрија. Во рамките на посетата Градоначалникот со делегација на општината оствари средба со Маркус Франц, Градоначалник на Дистриктот 10 во Виена како и со претставници на бизнис секторот во Виена од Бошњачката заедница меѓу кои Сафат Дациќ, Сабо Мехмедовиќ и Менсур Дациќ.
На средбите беа разгледани можностите за воспоставување на соработка со Дистриктот 10 во Виена како и проектни иницијативи за инвестиции во Велес и Горно Оризари.На централната манифестација која ќе се одржи вечерва во Виена, Градоначалникот Коцевски на Градоначалникот Франц ќе му предаде писмо на намери како официјална иницијатива за збратимување на Велес со Дистриктот 10 во Виена.