Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс во посета на Општина Велес

Во просториите на Општина Велес денеска се одржа средба на Градоначалниот Аце Коцевски со претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, Бенџамин Перкс. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете институции, а акцент беше ставен и на идните планови во сите области каде може да се соработува.

Градоначалникот Коцевски го запозна претставникот од УНИЦЕФ со капацитетите на локалната самоуправа, досегашните искуства и учества на општината во домашни и меѓународни проекти. При посетата на Општина Велес претставникот на УНИЦЕФ се запозна и останатите градоначалници од општините во Вардарскиот регион.