Конституиран Совет за развој на Вардарски плански регион

Деветмината градоначалници од општините кои се дел од Вардарскиот плански регион денеска ја одржаа конститутивната седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион. Поради досегашното искуство и фактот дека седиштето на Центарот за развој е во Велес едногласно беше одлучено за претседател на Советот за развој на регионот да биде избранан Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Во своето прво обраќање тој истакна дека пред општините од регионот е период во кој треба многу да се работи за подобрување на животот за сите граѓани. Како два заеднички приоритети ги посочи: Изградбата на регионална фабрика за третман на цврст комунален отпад со неколку претоварни станици и Регионален центар за третман на бездомни кучиња како проблем со кој се соочуваат сите општини. На денешната конститутивна седница прво беше формиран составот на тричлената верификациона комисија, која изготви извештај врз основа на кој беа верифицирани мандатите на сите градоначалници како дел од Советот за развој на Вардарскиот плански регион. Гостин на конститутивната седница беше Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски. Тој пред присутните рече дека Министерството ќе биде отворено за соработка и споделување на информации со сите општини. На градоначалниците им посочи дека е започнат процесот за редефинирање на блок дотациите со кои се финасираат Единиците на локалната самоуправа. Редефинирањето се прави во насока од досегашните 4,5 проценти од ДДВ-то за општините во иднина да се издвојуваат по шест проценти. Да се издвојуваат повеќе средства за рамномерен регионален развој, како и прекуграничната соработка. Градоначалниците денеска добија и појасна слика за досегашното функционирање на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, финансиската ситуација и увид во проектите кои досега се реализирани, како и оние кои се во процедура.