Усвоен Планот за квалитет на амбиентниот воздух на територијата на Општина Велес (2018-2022)

Планот за квалитет на амбиентниот воздух за територијата на Општина Велес е стратешки допкумент за оцена и подобрување на квалитетот на воздухот во општината.
Во овој План e направена оцена на концентрациите на суспендирани честички-PM10, како и на други загадувачки супстанции во воздухот земајќи ги во предвид податоците од Државниот мониторинг систем на квалитет на амбиентниот воздух и Катастарот за животна средина за територијата на Општина Велес.


Во Планот се дефинирани краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Општина Велес за периодот 2018–2022 година. Овие мерки е ќе се реализираат прогресивно во наредните 5 години.
Советот на Општина Велес на 28.02.2017г. формираше Координативно тело за справување со аерозагадувањето во општината, составено од членови од релевантни организации и институции кое активно учествуваше во подготовката на Планот.
Општина Велес е посветена на заштитата на животната средина. Проблемите со аерозагадувањето не може да се решат за кратко време, но потребно е итно да се делува на најголемите извори на загадувањето на воздухот: греењето на домаќинствата со најголем удел во загадувањето, а потоа сообраќајот и индустријата.
Општина Велес упатува апел до граѓаните да дадат свој личен придонес во спроведувањето на итните мерки за намалување на загадувањето на воздухот кои се јавно објавени.

Планот може да се превземе од следниот линк:План за квалитет на амбиентниот воздух на територијата на Општина Велес (2018-2022)