21-ва керамичка-ликовна работилница во ПОУ „Маца Овчарова“

Триесет деца, мали уметници од училиштата од Велес, Скопје, Струмица, Куманово, Прилеп и од повеќе места во Вардарсакиот регион учествуваат на 21-та Керамичко-ликовна работилница која традиционално се одржува во ПОУ „Маца Овчарова“. Манифестацијата за отворена ја прогласи Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Тој во оваа прилика истакна дека на овој начин ги поттикнуваме најважните вредности на младите генерации: социјализацијата, дружењето и што е најважно непресушното творештво. На учесниците им посака да допрат до сите срца со нивните творби, да поминат убави моменти заедно во дружење, забава и создавање. Преку овој настан училиштето го одбележува 3-ти Декември, Светскиот ден на лицата со инвалидност. Пред почетокот на работилницата организаторите им доделија благодарници на Општина Велес и останатите здруженија кои помагаат за настанот, а за присутните се одржа културно-забавна програма која ја подготвија учениците од ПОУ „Маца Овчарова“, и децата од балетското студио „Анабела“ .