ОПШТИНА ВЕЛЕС И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЕ ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ВОДАТА
Бидејки има доста реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи по најавите за зголемување на цената на водата, би сакал јавно да го кажам следното.
Покачувањето на цената на водата е спротивно на моите изборни ветувања и чувствувам морална обврска да ги известам граѓаните дека: Јас не се откажувам од намерата да се намали цената на водата во наредниот период.
Лично мислам дека има недоразбирање при определување на тарифата на водата, која е во прашање ЈВП Лисиче сметам дека не е коректно што при определување на цената не е земен во предвид фактот што цевководот на Хидросистемот Лисиче е изграден со средства на граѓаните на Општина Велес, а при пресметување на цената на вода на ЈКП Дервен не е земен во предвид фактот дека тоа е превработено и дека кога тој број ќе се сведе на оптимално ниво доста од трошоците за плати и придонеси ќе се намалат.
Сакам да известам дека тарифата за снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението и тарифата за вода на ЈКП Дервен за период 2018 – 2020 ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика која е независно тело на кое не може да влијае Владата на Република Македонија. Тарифата се утврдува според член 13 став 1 од Законот за утврдување на цени на водни услуги и Правилникот за утврдување на цени за водни услуги.
Согласно податоците на ЈВП Лисиче утврдена е следната цена:
- Минимална просечна тарифа 6,03 денари за метар кубен
- Максимална просечна тарифа е утврдена на 17,65 денари
- Просечната тарифа е утврдена на 11,84 денари за матар кубен
Според податоците н ЈКП Дервен утврдени се следните цени:
- Минимална просечна тарива е утврдена на 36.74 ден.
- Максимална просечна тарифа е утврдена на 45.85 ден.
- Просечна тарифа е утврдена на 41,30 ден.
Досегашната цена на услугата „Снабдување со вода за пиење“ која ние ја плаќаме како граѓани изнесуваше: 30.04 ден./м3 за домаќинства и 60.25 ден./м3 за претпријатијата. Минималното покачување на цената на водата за пиење според оваа пресметка изнесува 22 проценти што за мене како градоначалник е неприфатливо.
Цената за канализација односно за „Одведување на отпадните фекални води“ е утврдена на: минималната просечна тарифа 4.75 ден за метар кубен, а максималната просечна тарифа изнесува 10.99 ден.м3, а просечната терифа е 7,87. Сегашната цена е 5.45 ден./м3 за домаќинства и 10,99 ден./м3 за претпријатија. Тоа значи дека во овој случај имаме обратна тенденција односно намалување на услугата за 14,74 проценти.
Јавните претпријатија заклучно со месец септември биле должни да ги достават податоците,а по добивање на решенијата имаат рок од 30 дена за поднесување тужба пред Управниот суд. Според моите податоци Јавните претпријатија ќе се спротивстават на овие тарифи користејки ги сите законски механизми.
Велес не е исклучок. Ова се случува на територија на цела Македонија. Цените на водните услуги се различни заради тоа што тие зависат од трошоците на претпријатијата за производство и дистрибуција на водата за пиење, одржување на водоводната мрежа, одведување на отпадните води, одржување на канализационата мрежа, а во случајот на ЈКП Дервен и за трошоците за набавка на сурова вода спрема ЈПВ Лисиче.
Согласно законската регулатива во точно определен законски рок цената на водата ја определува Совертот на Општина Велес, но сакам уште еднаш да потенцирам дека ќе направиме се што е можно согласно законите и ќе се спротивставиме на ова што се случува за граѓаните на Општина Велес и воопшто во цела држава да не доживеат уште еден тежок удар и покрај тешката социјална состојба со зголемување на цената на водата.
Јас и понатаму тврдам дека има услови цената на водата да се намали за 10 проценти, а не да се зголеми.