Меѓународна конференција за развој на туризмот во Велес

Во организација на Општина Велес и фондацијата „Фокус“, поддржано од асоцијацијата „Алма“ од Регионот Алзас, Република Франција, денеска во градов се одржа конференција на тема: Европски искуства за развој на туризмот“
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски пред присутните истакна дека е големо задоволството да се биде дел од конференција од ваков тип.

Тој вели дека за Општина Велес е многу значајно да се продлабочи соработката со Регионот Алзас од Република Франција. Токму денешниот настан е убава можност да се стекнат многу европски знаења и да се научат практики за развојот на руралниот и винскиот туризам.
На конференцијата присувстуваше и Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристиан Тимоние.
Тој во обраќањето истакна дека соработката помеѓу Велес и Алзас е на многу високо ниво. Воедно изрази надеж дека таа и во иднина само ќе се продлабочува. Амбасадорот смета дека од суштинско значење и соработката со невладиниот сектор. Во наредниот период од таквата соработка треба да произлезат конретни проекти во областа на туризмот, земјоделието, винарството и заштитата на архитектонското наследство.
Како дел од француската делегација денеска свои излагања имаа Пјер Рошем, заманик – директор на Агенцијата за развој на туризмот на Долна Рајна, Катрин Гресбек експерт за рурален туризам од регионот Алзас и Клод Ешвалд архитект за наследство Регионот Алзас, Жак Шлеф претставник на Алма- Алзас.
Поголем третман на туризмот, системски промени и одржлив начин за развој на оваа општествена гранка. Тоа е насоката во која ќе се движи Република Македонија во наредниот период. Овие заложби денеска ги потенцираше Александар Донев, директор на Агенцијата за за промоција и поддршка на туризмот.
Како дел од Меѓународната конференција „Европски искуства за развој на туризмот – билатерална соработка Македонија – Алзас“ се изврши и дегустација на вина од винарии во Вардарскиот регион.