220 метри кубни отпад во Општина Велес исчистени од дивите депонии
Согласно зацртаните активности од Програмата за управување со отпад за 2017 година за чистење на диви депонии, Општина Велес и ЈКП “Дервен” спроведоа активности за чистење на дивите депонии на следните локации: Превалец (брег на река Тополка), пристапен пат пред градските гробишта Раштани, простор зад ООУ Кирил и Методиј, зад Народен музеј, брег на Битолска пруга, ул. Лазо Осмаков (зад пицерија Да Винчи). Дополнително е извршено отстранување на азбестноцементни табли на простор спроти некогашниот ресторан ОХОХО.
По реакции на интернет порталот Тирековмирече, веднаш е пристапено кон вонредно чистење на дивата депонијата од градежен шут и абестноцементи табли во зелениот појас спроти некогашната Топилница. Општина Велес спроведе и обемна акција на чистење на отпад во приватен имот, за кој постоеше опасност да го загрози здравјето и животот на соседите во урбаната средина. Со вака спроведените активности во 2017 г. животната средина се растерети од 325 метри кубни отпад кој е транспортиран и соодветно одложен на општинската комунална депонија и депонијата за земја, шут и друг отпаден градежен материјал.
Општина Велес апелира до сите граѓани да постапуваат со отпадот во рамките на Законот за управување со отпад, да се воздржат од дејствија на оставање, напуштање, спалување и неконтролирано отстранување на отпад.
За услугата која им е потреба и за начинот за постапување со отпадот да се информираат во ЈКП Дервен на тел. 043/233-768, секој работен ден од 07.00-15.00 часот.