Амбасадорот на САД Џес Бејли во посета на Општина Велес

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли беше во работна посета на Општината.
Тој оствари билатерална средба со Градоначалникот, Аце Коцевски.

На средбата Амбасадорот Бејли и Градоначалникот Коцевски разговараа за состојбите во општините, за реформите во системот за локална самоуправа во Република Македонија и за актуелните состојби во Општина Велес.
Посетата во општината е дел од неговото денешно присувство во Велес, откако претходно ја посети и касарната Алексо Демниевски – Бауман каде присувствувааше на отворањето на новиот Центар за симулации.