Како граѓанските организации и помагаат на локалната демократија

Во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје денеска се одржа контеренција на тема: Нови предизвици, нови перспактиви на локалната демократија.

Пред присутните  на настанот свои ставови и мислења дадоа Амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние, Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, како и претставниците на организациите кои се партнери во релизацијата на проектот.

Во рамки на конференцијата се одржи и панел дискусија на тема ”Практикување на локална демократија - соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации”.

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски беше еден од четворицата повикани да ги презентираат практиките на локално ниво и меѓусебната кохезија со невладиниот сектор. На овој начин преку Општина Велес присутните можеа да го осознаат големото значење кое го има локалната самоуправа во креирањето услови за локални демократски процеси.

На панел дискусијата се потенцираше дека консултацијата со граѓаните за важни прашања мора да се идигне на повисок степен. Референдумското изјаснување треба да се користи почесто, институциите потребно е да нудат стандардизација на услугите.

Организаторите денеска пред присутните ги презентираа сите трансфери кои ги добиле невладините организации во 2016 година. За реализација на многу проекти доделени се 4,4 милиони евра.

Конференцијата се организира во рамките на проектот “Граѓанските организации во служба на локалната демократија”, финансиски поддржан од Делегацијата на Европската унија во Скопје, преку ИПА програмата наменета за поддршка на граѓанското општество 2015 година.