Јавна расправа – ВИЗИЈА ЗА ВЕЛЕС

Почитувани сограѓани учествувајте во креирање на подобра и поубава слика за Вашиот град. Предложете, дискутирајте и учествувајте во јавната расправа за тоа како најдобро да се искористат објектите кои се во сопственост на Општина Велес:

  • ДОМОТ НА АРМ,
  • ЗГРАДАТА НА СИНДИКАТОТ(КИНОТО),
  • ХОТЕЛ „ВИЛА ЗОРА“,
  • ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА,
  • ПОРАНЕШНОТО ООУ „ЈХК ЏИНОТ“,
  • ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ ПРЕД ОСНОВНИОТ СУД И ПРЕД СААТ КУЛАТА,
  • КЕЈОТ НА РЕКА ВАРДАР,
  • СТАРИТЕ УЧИЛИШТА ВО ГОРНО ОРИЗАРИ И ДО ВЕЛЕШКИОТ ЗАТВОР,
  • ПРОСТОРИИТЕ ВО ЗГРАДАТА СПРОТИ ПОЛИЦИЈАТА,
  • ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ и уште неколку локации за кои заеднички ќе одлучиме што е нивната најдобра и најпрактична примена.

Бидете и Вие дел од „ВИЗИЈАТА ЗА ВЕЛЕС“.

Дојдете на Јавната расправа „Визија за Велес“. На 21.12.2017 со почеток во 18:00 часот, во големата сала на Општина Велес.