Средба со угостителите за почитување на законските регулативи

Во просториите на Општина Велес денеска се одржа средба на Градоначалникот Аце Коцевски, претставници од СВР Велес, Државниот пазарен и трудов инспекторат, УЈП и надлежните во одделенијата при Единицата на локална самоуправа со дел од сопствениците на угостителски објекти во градот.

Тема на состанокот беше: Почитувањето на законите за работно време, јавен ред и мир, нивото на бучава, одобренијата за користење на пред простор, вработувањата, регистрирањето на дејноста, уплатата на дневниот пазар.

Градоначалникот Коцевски на средбата истакна дека целта е да се воведат исти правила за сите субјекти кои во иднина ќе се почитуваат, но и да се елимира нелојалната конкурекција. Да се најде решение за подобро функционирање, а не да се практикуваaт репресивни мерки.

Од СВР Велес информираа дека во 2017 година Јавниот ред и мир е прекршен во 43 случаи со присувство на малолетници по полноќ, тепање, физички напади, гласна музика, итн.

Пазарниот инспекторат извршил 157 инспекциски контроли при што констатирале дека состојбата генерално е добра. Најголем проблем има со неподмирени обврски за користење на пред просторот, додека на високо ниво е почитувањето на законот за пушење, работното време и издавањето на фискални сметки.

Од Управта за јавни проходи, на угостителите им посочија да се придржуваат кон регистрирањето на прометот и редовната уплата на дневната заработувачка.

Ставот на претставниците од трудовиот инспекторат е дека во делот за почитување на Законот за работни односи нема проблеми. Тие потенцираа дека во наредниот период потребно е да се исплати К-15, но посебно да се внимава и на минималната плата и дополнителните исплати на дневници за вработените во вечерните часови и за празници.

Службите во локаната самоуправа информираа дека е потребно навреме да се подмируваат комуналните такси, да се врши контрола и регулирање на нивото на бучава во објектите и да се почитуват дозволите за користење на јавно прометни површини.

Во вториот дел од средбата се разви дебата околу одредени проблеми со кои се соочуваат сопствениците на угостителските објекти и беа дадени предлози за подобрување во одредени области.