Градоначалникот Коцевски претседавач со Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион

Одржана првата и конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Вардарскиот плански регион.

Откако прво се избра верификациона комисија која го потврди мандатите на градоначалниците од осум општини кои го сочинуваат ова тело, бидејки општина Свети Николе со одлука е вклучена во Источниот регион, се пристапи кон избор на претседавач. Едногласно поддршката ја доби Градоначалникот на Општина велес Аце Коцевски.

Мандатот ќе му биде во траење од две години кога повторно ќе се избира нов прв човек на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад.

На конститутивната седница присувствуваше и Ана Каранфилова- Мазневска, Раководител на сектор за оправување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Пред градоначалниците таа одржа презентација со која подетално ги запозна со Интегрираниот систем за управување со цврст отпад.