Прес конференција: Како се исцрпувaле средства од буџетот на Општина Велес
Водејки се од начелото на транспаретност и отчетност Градоначалникот Аце Коцевски денеска ги презентираше начините со кои во изминатиот период се исцрпувале средства од Буџетот на Општина Велес.
Градоначалникот ги посочи проблемите со превозниците, лошото водење на тендерските постапки при што дел од цените за јавните набавките се многу високи. Преплатените средства на Општината за сметки кон ЈКП Дервен за објекти кои не се користат.
На прес конференцијата денеска Градоначалникот ги изнесе своите ставови и мислења за пазарџиите и продажбата на тезги надвор од пазарите, за соработката со УЈП, за состојбите во такси превозот, легализацијата на дивоградбите, новите кадровски решенија во дел од општинските институции, линискиот превоз на патници кон населените места, состојбата во ТППЕ Велес, итн...
Во продолжение можете во целост да го видите излагањето на прес конференцијата.