ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО
Во просториите на Општина Велес денеска се одржа презентација за јавно-приватно партнерство. Предмет на интерес е изградба на Регионална депонија за цврст комунален отпад и Мали хидроцентрали долж цевководот од Хидросотемот Лисиче, но и објекти во сопственост на Општина Велес кои во моментов не се добро искористени, како што се Офицерски дом, Зграда на синдикат, хотел Вила Зора, Градски стадион, Градскиот пазар, паркинг простори во центарот на градот.
Пред присутните Градоначалникт Коцевски ги презентираше можностите за јавно-приватно партнетство при што посочи дека за објектите многу е важно да бидат одржливи, практични, ефективни, да обезбедат нова инфраструктура и разубавување на градот, интерактивна едукација, иновативност и да придонесат за локалната економија.
На денешната презентација присувствуше и претставник од КРИМ Македонија, асоцијација со 550 членки кои се подготвени да вложуваат во земјки како Македонија токму по принципот на склучување на јавно-приватно партнерство. Тој ги презентираше неговите искуства и соработката со повеќе конзорциуми за изградба на објекти кои веќе функционираат на овој начин.
Во наредниот период вакви презентации ќе се одржат и со други целни групи со цел да се зголеми можноста за склучување на договори за јавно приватно партнерство од кое корист ќе имаат инволвираните страни, но пред се и граѓаните на Велес.