ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО ВЕЛЕС

Согласно програмата за работа на одделението за комунални дејности при Општина Велес во моментов се извршуваат градежни активности на две локации.

Работници од фирма изведувач деновиве извршија нивелирање и тампонирање на еден крак од улицата Костадин Бодин по што денеска започна и бетонирање на горниот слој во должина од 210 метри.

Истовремено се тампонира уште еден крак од истата улица во должина од 140 метри. Таму ќе се изврши бетонирање откако претходно ќе се направат потпорни ѕидови.

Градежни актиности денеска се извршуваат и во Речани. Се врши тампонирање на 450 метри од улицата Академик Пенчо Давчев.