СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

Градоначалникот Аце Коцевски на 5-ти февруари годинава оствари работна средба со Амбасадорот на Република Унгарија, Ласло Иштван Дукс и економскиот советник Ервин Сел.

На средбата беа разгледани инвестициските можности и приоритетни проекти меѓу кои пречистителната станица со колекторски систем, регионалната фабрика за третман на цврст комунален отпад, изградбата на три мали хидроелектрани и производство на електрична енергија за користење на водите на реките Врановска и Тополка како и развојот на индустриската зона „Мамутчево“.

Градоначалникот ги претстави и можностите за градење на јавно приватни партнерства како и потенцијалите на Велес за развој на транзитниот туризам.

На средбата, Амбасадорот Дукс изрази задоволство од можноста за соработка и привлекување на инвеститори од Република Унгарија. Како што тој нагласи, стабилноста во земјата, перспективите за НАТО и ЕУ создаваат се поголеми можности за економска соработка помеѓу Република Македонија и Република Унгарија.

Во периодот што следи ќе бидат детално разгледани сите потенцијални можности за инвестиции и јавно приватни партнерства, како и можностите за воспоставување соработка со општина во Унгарија.