Велес прва општина во агендата на Амбасадорот на Република Словачка

Зајакнувањето на релациите со Република Словачка особено на планот на економијата, инвестициите и бизнис партнерствата ќе бидат приоритет во билатералната соработка. Ова на средба во Општина Велес го договорија градоначалникот Аце Коцевски и Амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш.

Како што нагласи амбасадорот Маркуш, не случајно Велес е првата општина која ја посетува од неговото назначување на функцијата. Географската положба, перспективите за развој и културниот контекст се адутите на Велес за развој на оваа значајна соработка.

На средбата што се одржа на 16 февруари годинава во кабинетот на Градоначалникот, Коцевски ги презентираше перспективите за одржлив развој на Велес и го претстави богатото културно и историско наследство.

Во понатамошниот период, соработката ќе продолжи, прво на економски план, со фокус на развојот на индустриските зони. Како што нагласи и Амбасадорот Маркуш со потенцијалите на индустриските зони ќе биде запознат и бизнис секторот во Република Словачка.