Велес се зачлени во ЦИВИНЕТ мрежата на Словенија, Хрватска и Југоисточна Европа


Велес се зачлени во ЦИВИНЕТ мрежата за урбана мобилност на Словенија, Хрватска и Југоисточна Европа, во која членуваат 143 градови и организации. На редовното собрание на мрежата што се одржа во Крушевац, Србија на 23 февруари годинава, Градоначалникот Аце Коцевски ја прифати заедничката политичка изјава на мрежата која ја поддржува иницијативата за трајно финансирање од страна на Европската комисија. Фокусот на мрежата е изработката на План за одржлива мобилност како основа за конкретни активности за почист и подобар сообраќај и заштита на животната средина.

Мрежата ЦИВИНЕТ функционира и во Франција, Шпанија, Португалија, Ирска, Холандија и други земји членки на ЕУ, а целта е поврзување на градовите и оргганизациите за решавање на проблемите во сообраќајот, енергетска ефикасност, иновативни решенија, размена на искуства и подобро користење на европските фондови. Покрај градот домаќин Крушевац, во мрежата за урбана мобилност на Словенија, Хрватска и Југоисточна Европа членуваат 25 градови меѓу кои Загреб, Дубровник, Самобор, Чаковец, Велика Горица, Охрид и Пожега од Словенија, Хрватска и регионот на Југоисточна Европа. На собранието во Крушевац, градоначалникот Коцевски имаше можност да ги види успешните проекти и најдобри практики на мрежата и да разговара за нови иницијативи за соработка со своите колеги од регионот.