14 години по трагедијата - почит за Лозаноска

 

По повод 14-годишнината од трагичната авионска несреќа во која заедно со претседателот Борис Трајковски животот го загуби велешанката Анита Кришан Лозаноска, делегација на Општина Велес положи цвеќе на гробот на Лозановска, на гробиштата во црквата „Свети Спас“.

Во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година кај Ротимље во близина на Мостар, со претседателот Трајковски загинаа 8 членови на екипажот. Анита Кришан Лозаноска беше дел од тимот што патуваше на меѓународна економска конференција. Таа работеше како советник во кабинетот на претседателот. На гробот на Анита Кришан Лозаноска денеска цвеќе положи и делегација на кабинетот на претседателот Иванов и членови на нејзиното семејство.