Сите служби во функција за справување со снегот

Од почетокот на снежните врнежи од страна на ЈП „Македонија пат“ на територија на Општина Велес се фрлени 60 тони сол и 140 м³ ризла. Дополнително од страна на економските оператори ангажирани од Општина Велес се фрлени 2 тони сол и 3 м³ ризла. Материјалот е набавен од страна на Општина Велес.

Во текот на денот ЈП „Македонија пат“ ќе го расчистува патот кон Караслари, потоа Иванковци, Црквино и Оризари. ГП „Изгрев“ со механизација работи на расчистување на патот кон Бузаково. ГП „Делта пром“ ќе врши фрлање на сол и абразивни редства на патниот правец Чолошево –Дурутовец, потоа Раштани-Бузалково и по втор пат денеска на пристапниот пат кон Којник.

Сите активности се во тек, а надлежните служби се максимално ангажирани за навремено да одговорат на евентуални нови врнежи од снег. Општина Велес повторно апелира до сопствениците на продавници и граѓаните активно да се вклучат во расчистувањето на тротоарите и пристапите до објектите.