Билатерални средби во Виена

На маргините на Симпозиумот на градоначалници што од 26 февруари до 2- ри март годинава  се одржува во Виена- Австрија, градоначалникот Аце Коцевски оствари повеќе билатерални средби со колеги градоначалници од земји членки на ЕУ и земји од Југоисточна Европа.

Особено значајна е средбата со Борис Милетиќ, градоначалник на градот Пула, Хрватска, со кој Општина Велес воспостави соработка уште во 2002 година. На средбата, градоначалниците Коцевски и Милетиќ разговараа за можностите за обнова и продлабочување на соработката во интерес на граѓаните на Пула и Велес.