Нови возила во ЈКП „Дервен“
Со цел да излезе во пресрет на граѓаните и да го зголеми квалитетот на услугите, ЈКП „Дервен“ со сопствени средства го обновува возниот парк. Денеска во претпријатието пристигнаа два нови трактори, модел INDIA-TAFE 42 DI со приколки модел FERMAK 4t во вредност од 1.470.000 денари.
Тракторите се наменети за собирање на смет од тесните градски улици каде не може да се пристапи со поголемо возило. До крајот на месецов најавена е набавка на уште едно ново возило – камион за собирање на смет (модел IVECO) со запремнина од 22м3, во вредност од околу 6,4 милиони денари.
Во ЈКП „Дервен“ очекуваат новите возила да придонесат во подобрувањето на квалитетот на услугите кон граѓаните особено во повисоките делови на градот.