СОРАБОТКА СО ОХРИДСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО
Со цел да се продлабочи соработката на планот на одржливиот туризам, градоначалникот Аце Коцевски на 5-ти март годинава оствари средба со проф. др. Цветко Андреески, декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и проф. д-р Науме Мариноски, редовен професор на факултетот.
Креирањето на Стратегија за развој на туризам и партнерската соработка во подготовката на проекти за европските фондови беа во фокусот на вниманието на средбата. Градоначалникот Коцевски изрази подготвеност за продлабочување на соработката особено на планот на мапирањето на потенцијалите на Велес за развој на транзитниот, културниот и руралниот туризам, подготовката на стручни документи и стратегии, соработката во подготовка на проектни апликации и заедничко вклучување во меѓународни проекти.
Како што нагласија Андреески и Мариновски досегашната успешна соработка на локален и регионален план е добра основа за реализација на конкретни активности со цел Велес да се вклучи во тековните и планираните проекти за развој и поттикнување на туризмот во кои учествуваат професорите на факултетот.