Се бетонира улицата „Тодор Јанев“

Одделението за комунална инфраструктура при Општина Велес работи на реализација на проект за бетонирање на дел од улицата „Тодор Јанев“ во должина од 220 метри (од спојот со улица „Сараевска“ до спојот со ул. „Стеван Бобев“).

Се очекува проектот да заврши до крајот на неделава со што жителите на улицата ќе добијат подобра инфраструктура и поквалитетен живот.