Екипата на Проверено „апансас“ во Велес

Истражувачките новинарки Сашка Цветковска и Маја Јовановска со техничка екипа  на 9-ти март годинава ненајавено или како што велат велешани „апансас“  го посетија градоначалникот Аце Коцевски во неговиот кабинет. Како што го информираа Коцевски посетата беше  дел од потрагата по информации за достапноста и отвореноста  на  народните избраници.

Нивните наоди и средбата со Коцевски  ќе бидат дел од емисијата  „Проверено“ која ќе се имитува во  вторник 13 март, 2018, на Телевизија 24.На средбата со градоначалникот Коцевски  меѓу другото стана збор за отвореноста кон граѓаните и искуствата кои тој ги имал во досегашното извршување на функциите. Новинарките имаа можност да ја разгледаат Општина Велес и граѓанскиот сервис центар и да ги откријат плановите на Коцевски  за развој на услугите кон граѓаните.

„Проверено“ се емитува во рамки на Истражувачката репортерска лабораторија. Посебен акцент се става на истражувачкото новинарство и теми од интерес за граѓаните како што е начинот на кој функционерите ги  трошат  парите на граѓаните.