Дворовите на училиштата исчистени од отпад

Учениците, наставниците и техничкиот персонал од сите основни и средни училшта во Општина Велес се приклучија на еколошката акција „Не валкај – разубави“.

Во денот кога се реализираше акцијата тие беа ангажирани  во кругот на училиштата. Со гребла, копачи, лопати, метли и друг алат го собираа фрлениот отпад од површините. Просечно, активностите се изведоа во времетраење од два часа.

На овој начин сите покажаа висока еколошка свест и грижа за здрава животна средина.

Кон акцијата се приклучија и членовите на еколошката групација „Грин Пауер“. Тие го исчистија просторот околу ООУ „Блаже Конески“. Во вреќите со отпад имаше  и опасен медицински отпад со шприцови и игли од зависните кои доаѓаат на тој простор.

Во рамките на акцијата во ООУ „Рајко Живзифов“ во Горно Оризари беа засадени и неколку аронии.