ПРОДОЛЖИ ЧИСТЕЊЕТО НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ВЕЛЕС

Работници од ЈКП Дервен ја чистат една од најжешките еколошки точки во градот. Се работи за дива депонија која е во непосредна близина на спојот помеѓу улиците „Коле Неделковски“ и „Архиепископ Михаил“ над градскиот саат.


На оваа локација многу често се прави дива депонија пред се поради несовесноста на дел од граѓаните кои гравитираат во тој дел од градот и таму честопати го исфрлаат сметот од нивните домови.
Активноста е продолжение на големата акција „Не валкај – разубави“ која се реализираше во саботата на 10 март.
Општина Велес апелира до сите граѓани да бидат посовесни и да ја чуваат средината во која живееме. Во наредниот период ќе се стави голем акцент на чистотата. Комуналните редари веќе се на терен и секој прекршок ќе го санкционираат. Прво со опомена, а потоа и со казна од 50 евра во денарска против вредност. 
Очекуваме соработка од граѓаните со цел да го направиме Велес почисто и поубаво место за живеење.