НЕОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ: Контејнер фрлен на железничка пруга
Продолжува неодговорното однесување на дел од граѓаните на Велес. Во текот на вчерашниот ден регистрирана е една многу несекојдневна ситуација. Контејнерот наменет за собирање на комунален отпад, поставен на паркинг просторот спроти Локалната библиотека „Геце Делчев“ засега непознати сторители го фрлиле на железничката пруга Велес – Гевгелија.
Со оваа постапка е загрозено нормалното одвивање на железничкот сообраќај, а дополнително е загадена животната средина бидејки целиот отпад од контејнерот, кој очигледно бил полн, сега е расфрлан во непосредна близина.
Општина Велес најостро го осудува ова неодговороно однесување. Надлежните ќе ги превземат сите мерки за разрешување на случајот и откривање на сторителите, за кои ќе следуваат соодветни пријави.
Апелираме до граѓаните за поголема совесност. Деструктивното однесување може да предизвика последици по живот и по околината.
Дополнитрелно сакаме да укажеме на фактот дека за здрава животна средина, еколошки чиста со помалку отпад, потребно е заеднички да придонесеме сите. Така ќе го направиме Велес поубаво место за живеење.