Одбележан Денот на крводарителството
Во малата сала на Велешкиот театар Џинот денеска се одржа свеченост по повод одбележување на 17-ти март, Ден на Црвениот крст на Република Македонија и Ден на доброволното дарување на крв.
На Манифестацијата присутни беа крводарители, гости, соработници на општинската организација на Црвен крст, добитници на јубилејни признанија.
Градоначалникот Коцевски се заблагодари од свое лично име и од име на Советот на Општина Велес, притоа честитајќи го 17 март на сите добороволни крводарители во општината. Тој во своето обраќање истакна дека во време на криза на морални вредности во општеството, Организацијата на Црвениот Крст со своите хумани акции е една од институциите со која Општината особено се гордее. Тој изрази целосна поддршка на Општинската Организација на Црвениот Крст во Велес за идните крводарителски акции како и помош за повозрасните лица од Велес, чии деца заминале во странство и на кои им е потребна нега.
2017 година беше една од најуспешните на полето на крводарувањето. Собрани се вкупно 4110 крвни единици со што годишниот план од 1861 крвни единици е остварен со 220,84%.
На терен се изведени вкупно 29 акции за доброволно дарување крв на кои се собрани 1311 крвни единици, додека преостанатите 2719 дарувања се собрани во одделението за трансфузиона медицина во Велес од самоиницијативни дарувања на доброволни крводарители. (Во одделението за трансфузиона медицина во Велес во текот на 2017 година земени се уште 118 крвни единици од доброволни дарители на крв од подрачјето на општина Свети Николе кои се евидентираат во Општинската организација на Црвен крст Свети Николе).
Од собраните 4110 крвни единици 804 се од крводарители жени додека 571 се од дарители кои прв пат дарувале во својот живот.
На свеченоста традиционално се доделија награди за постигнати резултати во крводарителството и повеќекратно доброволно дарување крв.
Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството и значаен придонес за исполнување на општинскиот и републичкиот план за крводарителство во 2017 година благодарници им се доделија на: Друштво со ограничена одговорност „БРАКО“ Велес, Општинско основно училиште „Блаже Конески“ Велес, Населба Градско и на Елизабета Николовска.
Плакета, во знак за благодарност за 50 пати добија: Ангелче Петровски, Виктор Јамалов, Горан Трајковски, Ѓоре Петков, Игор Николовски, Илија Станков, Ифтим Ангелов, Костадин Саздов, Небојша Ивковиќ и Тони Игневски.
За 75 пати дарувано крв благодарници им се доделија на: Даниел Митев, Слободанчо Петрушев и Тодор Хаџиристов, додека за 100 крводарувања наградени се Димче Арсов, Звонко Карталов и Петре Митревски.
На манифестацијата се доделија и признанија за најдобрите ученици кои учествуваа на литературниот конкурс за сите основни и средни училишта во градот.