Вторник – отворен ден за средби со Градоначалникот

Од утре 20-ти март 2018 година, граѓаните на Општина Велес директно ќе можат да му ги соопштат нивните проблеми на градоначалникот Аце Коцевски.

Приемот на граѓаните кај Градоначалникот ќе се организира секој вторник од 08:00 до 11:00 часот, во просториите на Општина Велес, со исклучок на деновите кога тој има неодложни обврски надвор од Велес.

Транспарентноста на општината останува приоритет на Градоначалникот Коцевски, кој преку средбите со граѓаните од една страна ќе овозможи максимална отвореност на општината, а од друга страна континуитет во утврдувањето и решавањето на проблемите на граѓаните.