ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖУВА „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“
Општина Велес се вклучува во Акцијата „Часот на планетата земја“, кој се одбележува во сабота на 24-ти март.
Со едночасовно исклучување на светилките од 20:30 до 21:30 часот, во Младински парк, на мостот Гемиџии, Мало мовче и на платото пред Основниот суд ќе биде упатена пораката до велешката јавност за подигнување на еколошката свест кај населението и за зачувување на планетата земја.
Организатор е Earth Hour Macedonia како дел од мрежата на WWF – World Wide Fund for Nature. Поддржувач е Општинската организација на Црвен крст. Волонтерите со свеќи ќе го изработат заштитниот знак на акцијата 60+.
Општина Велес ги повикува сите граѓани да се вклучат во акцијата и да ги исклучат светилките во нивните домови. На тој начин ќе покажеме грижа за планетата земја