ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ПОКРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ
Вработени во ЈКП Дервен, работна единица - Јавна чистота, денеска реализираат акција на Езеро Младост. Се чисти просторот околу летниковците, кој е најискористен од граѓаните, крајбрежниот појас и покрај патот кој води до мотелите и сателитската населба.
Целта е да се подготви теренот за пролетните и летните месеци, период кога овие локации се многу посетени од граѓаните на Велес.
Општина Велес апелира до посетителите, да се однесуваат поодговорно кон животната средина. Само на тој начин езерото Младост ќе биде убаво место за престој во природа.
Денешната активност е дел од акцијата за генерално пролетно чистење.