Училиштата и градинките почнуваат со селектирање на отпадот
Од денеска 21-ви март, Денот на екологијата, започнува традиционалната акција “Прогласување на најдобар собирен центар за отпад во училиште и објект во градинка за 2018г.”
Целта е кај младите да се развие свест за значењето на селектирањето отпад и за зачувувањето на здравата животната средина.
Сите училишта и Детските градинки од Велес добија садови за селектирање на отпад. Во наредниот период нивна задача ќе биде: да собираат отпад кој може да се реупотреби, како што е стара хартија, ПЕТ амбалажа, отпадни батерии, електронски отпад, отпад од метал и сл. Да водат евиденција за собраните количини и да ги известуваат општината или ЈКП Дервен доколку соберат отпадни батерии или екетронски отпад кои подоцна ќе реализираат активности за понатамошно постапување.
Најдобриот собирен центар во училиште и објект во градинка ќе се прогласи на крајот на годината на Свечената новогодишна седница, коха ќе се доделат и наградии признанија.