ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО АЛЗАС И ДОЛНА РАЈНА

Делегацијата на општините Велес и Чашка и Охридскиот факултет за туризам и угостителство на 26 март годинава во Стразбур оствари средби со Лоранс Милер Брон, заменик претедател на советот на департманот Долна Рајна, Марк Леви директор на Агенцијата за атрактивност, Жерар Штедел,претседател на меѓународната унија на Алзашаните,Морис Валтсбургер,претседател на Француските куќички за Долна Рајна и Ан Катрин Остертаг одговорна за развој на туризмот во долината Бриш.

На средбите, градоначалникот Коцевски во име на делегацијата изрази благодарност за можноста за продлабочување на соработката и драгоцените искуства кои допрва ќе бидат предмет на заеднички проекти во областа на туризмот. На средбата во седиштето на департманот Долна Рајна, г-ѓа Милер Брон ги поддржа билатералните проекти и укажа на потребата од систематски пристап во развојот на туризмот и еколошките стандарди во Македонија.

И овојпат делегацијата ја придружуваа Жак Шлеф, претседател на Асоцијацијата Алзас Македонија и Катрин Гресбек експерт за туризам. Покрај Стразбур и Бриш каде туризмот остварува обрт од 68 милиони евра годишно, делегацијата го посети и манастирот Сент Одил, еден од најатрактивните сакрални објекти во Алзас.