Честит 27 Март – Светски ден на театарот
Почитувани,
Велес и велешани отсекогаш имале напредна мисла и авангарден дух. Почетоците на театарската уметност во градот се поврзани со ликот и делото на Јордан Хаџи Константинов – Џинот во 1864 година со драматизација на претставата „Мечката и селаните“.
Од тогаш до денес во Велес се негува култ кон театарот и штиците што живот значат. Велешани се големи почитувачи на оваа уметност. Низ годините градот продуцирал актерски бардови кои оставиле голема трага.
Градоначалникот и Советот на општина Велес на сите вработени во Народниот театар „ЈХК Џинот“,актери, режисери, сценски работни и на сите љубители на театарската уметност им го честитаат 27-ми март, Светскиот ден на театарот.
Со почит,
Општина Велес