Иванковци - се гради ново училиште
Во тек е изградба на дел од новата училишна зграда во населеното место Иванковци. Техничката документација е изработена, градежните работи на терен се во напредна фаза.
Објектот зафаќа бруто површина од 147 метри квадратни. Во првата фаза ќе се изградат четири училници, канцеларија, котлара и санитарен јазол.
Изведувач на градежните работи е компанијата „Техноимпекс градба“ од Скопје. Инвестицијата изнесува 2,5 милиони денари.
Новата училишна зграда се гради на местото на старата која изгоре во пожар во јуни 2011-тата година. Од тогаш до сега околу 60-тина ученици од ова неселено место настава посетуваат во монтажно училиште, кое во целост не ги задоволува нивните потреби. Општина Велес очекува дека со изградбата на објектот ќе се реши овој проблем со кој се соочуваат наставните, учениците и нивните родители.