Решавање на проблемите со билбордите

На  13-та седница на Советот на Општина Велес посебно внимание беше посветено на проблемите со билбордите за рекламирање.

Откако утврддил дека поранешното раководство на општината воопшто не ги наплаќало средствата за изнајмување на билбордите и ги оштетило граѓаните на Велес, градоначалникот Коцевски на седницата рече дека не смее ниту ден повеќе да се толерира некој да се рекламира на билбордите, а на општината да не и плаќа ниту денар. 

Три компании се заинтересирани за управување со билбордите.„ Ќе ги искористиме сите законски можности што ни се ставени на располагање за да донесеме повеќе пари во буџетот на општина Велес. Утврдивме 45 локации кои можат да се доделат на заинтересирани комапани. За оние што не и плаќале и сега не и плаќаат на општината ќе поведеме соодветни судски постапки.

По оваа одлука ќе следи одлука и распишување на оглас за идејно решение за поставување на типски времени објекти кои нема да ја нарушуваат урбаната целина. Воедно сакаме да поставиме и санитарни јазли за да го подобриме квалитетот на живеење на граѓаните“, рече Коцевски.