Се расчистува патниот правец Велес – Градско

АД „Гранит“ фирма што државата ја ангажираше да го отстрани одронот од патниот правец Велес-Градско, изминатиот викенд  работеше на ситнење на одронетата карпа за да овозможат отстранување од коловозот и транспорт.

Во моментов, градежна машина – багер со хидрауличен чекан работи на дробење на карпата на коловозот, а стручни лица од фирмата работат на отстранување на нестабилните делови на карпата над коловозот.

Здробените карпи на коловозот ќе ги остранува ЈП „Македонија пат“ со потребната механизација. Според најавите од претпријатијата вклучени во работата, се очекува во најкус можен рок коловозот да биде расчистен.  Засега не се добиени согласности за минирање од надлежните органи и тековните активности се во насока на решавање на состојбата со алтернативни мерки.