Директни средби со граѓаните
Градоначалникот Аце Коцевски денеска го посвети денот на директните средби со граѓаните и нивните проблеми. Легализацијата, отстранувањето на бесправните објекти, социјалната помош и барањата за вработување предничеа на листата на проблеми за чие решавање граѓаните бараат поддршка од градоначалникот.
За проблемите кои се однесуваат на управните постапки во надлежност на општината Коцевски иницираше решенија со одговорните служби веднаш по завршувањето на секоја средба. За проблемите кои не се во негова надлежност и воопшто во надлежност на Општина Велес, градоначалникот помагаше со упатства до граѓаните каде да се обратат за да го решат проблемот. Отворените врати на градоначалничкиот кабинет одат во прилог на максималната транспарентност и отчетност на општината. Вторник останува денот резервиран за граѓаните и нивните проблеми. Целта на општината е во иднина да ги има се помалку.