Отстранета карпата од коловозот

Градежното претпријатие „Гранит“ заврши со активностите за отстранување на карпестата маса од коловозот на регионалниот пат Велес - Градско. Во текот на денот продолжија и активностите за отстранување на остатоците на вертикалната карпа над коловозот.

По завршувањето на работите ЈКП „Дервен“ ќе изврши миење на коловозот, а ЈП „Македонијапат“ ќе ги санира оштетувањата на асфалтот предизвикани од одронетата карпа. Општина Велес апелира до граѓаните сеуште да не го користат регионалниот пат Велес - Градско и да се стрпат до комплетното завршување на активностите и осигурување на безбедноста за сите автомобили и пешаци што го користат овој патен правец.