Панел дискусија на УНИЦЕФ и ВИГОТСКИ
На 3-ти април годинава, Општина Велес беше домаќин на панел дискусија организирана од УНИЦЕФ и Центарот за интегрална рехабилитација ВИГОТСКИ, насловена „Фер родител-фер дете“.
Во присуство на голем број претставници на локални институции и организации, како и деца и родители, панел дискусијата отвори многу значајни прашања од секојдневниот живот и релациите родител-дете кои се суштински за градењето на здрави и успешни генерации.
На дискусијата, присутните имаа можност да ги слушнат стручните мислења и животни искуства на панелистите др. Тања Сарагинов, Софија Слабева, Даниела Јованова и Снежана Мишевска. Темите како развојот на родителство кое ќе биде „позитивен плус“, а особено развојот на хармонично семејство што е суштински услов за среќата и благосостојбата на децата и младите. Настанот во Велес беше збогатен и со театарскиот перформанс „Подарок“ на тема „позитивно родителство“. Општина Велес останува отворена за сите активности во интерес на најмладите генерации.