Споменикот на Кемал Ататурк ќе биде поставен во паркот Каршијака
Градоначалникот Аце Коцевски и уметниците Живко Пренџов и Илчо Стојановски денеска ги разгледаа локациите и утврдија место за поставување на споменикот на Кемал Ататурк, подарок од збратимениот град Каршијака, Република Турција.
Споменикот на таткото на модерна Турција во знак на пријателство со граѓаните на Каршијака и Репубика Турција ќе биде поставен во паркот Каршијака, веднаш до Ликовниот салон. Споменикот е висок 3 метри. Како што рече градоначалникот на последната седица на Советот на Општина Велес, Кемал Ататурк е многу значајна личност во светската историја и заслужува посебна почит.
Тој на седницата одржана на 29 март годинава најави дека ќе се утврди соодветна локација за поставување на овој значаен споменик.