Најмладите во посета на Општина Велес
Во рамките на предметната настава по предметот „Општество“, триесетина ученици од четврто одделение при ООУ „Васил Главинов“ од Велес, на 12 април годинава имаа можност одблиску да ги запознаат организацијата и начинот на работа на Општина Велес.
Најмладите под менторство на наставничката Злата Велковска се запознаа со секторите и ги разгледаа салата за прес конференции, големата сала на општината и електронската сала каде играa улоги на членови на советот. Тие добија и конкретни одговори за работата на Советот на Општина Велес.
При посетата, учениците остварија средба со Градоначалникот Аце Коцевски кој ја поздрави оваа иницијатива и ја истакна заложбата на општината активно да се вклучува во исполнување на образовните цели во насока на создавање на идни активни граѓани на Велес.