Одбележан Денот на Командата за обука и доктрини на АРМ
Командата за обука и доктрини на АРМ во гарнизонот „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска го одбележа својот јубилеј 15 Април.
На свеченоста во гарнизонот, пред присутните гости се обрати заменик началникот на Генералштабот на АРМ, Генерал-мајор Мухамет Рацај. Тој ја нагласи улогата на центарот во развојот на капацитетите и стандардите на АРМ.
На свеченоста беа доделени, благодарници, дипломи и награди на сите поединци кои придонесоа во развојот и работата на центарот. Свеченоста беше збогатена со културно-уметничка програма со учество на наградени ученици од ООУ „Васил Главинов“ на литературниот конкурс на тема „Армија на АРМ, армија на мирот“, ученици од ОМУ „Стефан Гајдов“ и КУД „Керамичар“.