Честитка по повод Денот на полицијата

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, на сите припадници на полицијата и безбедносните служби им го честитам 7 Мај,

Денот на полицијата на Република Македонија. Честа и благородноста на Вашата професија е поттик за сите нас за продлабочување на успешната соработка во интерес на граѓаните.  

Со искрена благодарност за Вашата посветеност, професионалност и подготвеност да ги штитите  граѓаните на Велес и Република Македонија и да обезбедите непречена примена на законите, Ви посакувам многу успеси во сите идни предизвици и активности.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски