Почит за жртвите на фашизмот - 73 години од Денот на победата
По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот, делегации на Општина Велес, Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ, АРМ, институции, установи, јавни претпријатија, здруженија на граѓани и политички партии денес на Спомен – костурницата положија букети цвеќе и им оддадоа почит на жртвите на фашизмот.
На свеченоста, ученици од гимназијата „Кочо Рацин“ потсетија за однесените над 50 милиони човечки жртви во Втората светска војна како една од најголемите трагедии во историјата на човештвото. Во знак на 73 години слобода, младите велешани повикаа на компромиси и разум за никогаш повеќе да не се повторат војни и страдања.